Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Кисела Вода и Сарај. Прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во Кисела Вода.
Во период од 10 часот до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.
Од 10 часот до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селата Сарај и Грчец, во општина Сарај.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре без вода од 09 часот ќе бидат корисниците од улица „Марко Орешковиќ“ и дел од од улица „Димо Хаџи Димов“, поради изведување на водоводен приклучок Ф-100мм на улицата „Марко Оречковиќ“ бр. 124.