И во средината на шестото десетлетие од животот, мексиканската глумица Селма Хајек има што да им покаже на своите обожаватели.

Имено, во оваа студена и за многумина неизвесна зима, таа го почести светот со летна фотографија од себеси во дводелен костим за капење.

„Последните дни од 2020. Никогаш не сум била поблагодарна оти сум здрава и во допир со природата“, напиша Хајек под сликата.

Годинава, таа глумеше во „Слободни патишта“ и „Како шеф“. Следните три филма каде што ќе глуми, се филмовите „Благослов“, „Вечниите“ и „Телохранителот на сопругата на професионалниот убиец“, закажани за следната, 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/12/2020 13:31