Американската глумица Тања Робертс, можеби најпозната по филмот „Џејмс Бонд: Изгледи за убиство“ (A View to a Kill), почина вчера на 65-годшна возраст. Причината за смртта сѐ уште не е соопштена.

Таа глумеше и во серијата „Чарлиевите ангели“ од 1980-тите, како и во „Лудите ’70-ти“ од 1998 до 2004 година.

Во кариерата таа била и модел со улоги во реклами, како и во повеќе филмови од Б-категорија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 12:04