Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва ја објави листата на арбитри, кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство во Египет, на која се најдоа и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Начевски и Николов се меѓу 19-те судиски тандеми, кои ИХФ ги избра за ракометниот Мундијал што од 13 до 31 јануари ќе се одржи во Египет.

Завршницата во Египет ќе биде шесто последователно светско првенство за македонскиот судиски тандем Начевски – Николов, кои го судеа финалето на Европското првенство во 2020 година меѓу Шпанија и Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 23:10