Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз утре и задутре ќе сообраќа по неделен возен ред.

Утре, 6 јануари, дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Како што информира ЈСП, во четврток, за Божиќ, билетарниците нема да работат.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2021 13:36