По многубројните пријави од граѓани за уплашени и истрауматизирани бездомни кучиња, но и на избегани домашни миленици во последните неколку денови како последица од употребата на петарди и пиротехнички средства во овие празнични денови, продолжуваме и понатаму со кампањата против нивна употреба.

Им благодариме на сите граѓани кои не поддржуваат во оваа наша иницијатива сакајќи им добро не само на своите миленици, туку и на бездомните кучиња во градот.

ЈП ЛАЈКА апелира да се избегнува употребата на петарди во текот на претстојните Божиќни празници како би го заштитиле безбедноста на сите граѓани, но и на бездомните кучиња.

Да бидеме совесни и одговорни граѓани за побезбедна и почиста средина за секого.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2021 14:37