На Словаците во централниот регион Нитра нема да им биде дозволено да работат доколку немаат негативен тест за коронавирус, бидејќи главната болница во таа област е преполна со пациенти со Ковид-19, а смртноста е голема, соопштија денеска властите.

Земјата со 5,5 милиони жители во последните денови забележа рекорден број нови случаи и хоспитализации. Од понеделникот во болниците има 3.146 пациенти, и покрај делумната национална блокада.

– Од понеделник, на околу 160.000 луѓе од регионот Нитра нема да им биде дозволено да присуствуваат на работа без негативен тест, рече словачкиот премиер Игор Матовиќ на прес-конференција.

Според него, состојбата во Нитра е „толку драматична што само доброволно тестирање не би било доволно“.

– Ова е подобар начин да се заштитат работниците, компаниите и здравјето на луѓето, рече Матовиќ.

Словачка го ограничи движењето на луѓето на неопходните движења до работа, купување и прошетки во природа во нивната област, но бројот на нови случаи останува голем, со околу 10.000 новозаразени во понеделникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2021 11:12