Видео објавено на социјалните мрежи предизвика лавина од негативни реакции во јавноста на кое може да се види немил настан и вербални закани од страна на патници во автобус на ЈСП.
Имено, според сведоштвата на девојката која го објави видеото, повозрасна жена која се возела во еден од градските автобуси замолила двајца патници да ги стават заштитните маски како што треба, на што наишла на вербални напади и закани од двајцата патници.
Како што може да се слушне од видеото тие вербално се закануваат дека ќе сечат глави а мртвите тела ќе ги стават во киселина.