Македонската ракометна репрезентација го победи Чиле со 28:24 во вториот пријатески натпревар одигран денес во СЦ „Јане Сандански“.

Во воведните минути од натпреварот се играше изедначено, а како се развиваше мечот така избраниците на селекторот Данило Брестовац ја преземаа иницијативата и на полувреме заминаа со предност 16:12.

Чилеанците успеаја да се доближат на гол негатива (19:18) во второто полувреме, но потоа следеше сигурна игра во одбраната и во нападот за на крај натпреварот да заврши со 28:24.

Најефикасни ракометари во домашниот состав беа Филип Кузмановски и Мартин Поповски со по четири погодоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2021 00:14