Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем в среда наместо да му гостува на Астон Вила во редовниот натпревар од 18 коло, ќе го одигра одложениот меч на домашен терен против градскиот ривал Фулам,

До оваа измена во распоредот, како соопшти денеска Премиерлигата, доаѓа откако Астон Вила побара одложување на натпреварот против Тотенхем поради голем број заразени фудбалери со коронавирус во своите редови.

Терминот ќе биде искористен да се одигра мечот меѓу Тотенхем и Фулам, што на барање на гостите беше одложен на 20 декември поради заразени фудбалери со Ковид-19.

Дополнително, поместен е мечот на Фулам против Челзи, што наместо в петок ќе се игра ден подоцна.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2021 20:45