Хрватскиот дефанзивец Марко Мартината од денеска е нов член на македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев, соопшти екипата од Струмица.

Дваесет и двегодишниот лев бек доаѓа од редовите на актуелниот првак Вардар, од каде на крајот од декември во Академија Пандев се пресели и тренерот Александар Васоски.

Академија Пандев е на претпоследното 11 место на табелата, на средина од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, а струмичкиот прволигаш на 20 јануари заминува на двонеделни подготовки во Анталија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2021 21:00