Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Димитрије Чуповски” на потегот од улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин” до ул.„Климент Охридски” во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-80 мм. на ул. „Димитрије Чуповски” бр. 24. Корисниците ќе бидат без вода до завршување на интервенцијата.
Поради дефект на приклучна цевка од Ф-80 мм. на улица „Џон Кенеди“ бр.9, без вода утре од 8:30 часот ќе бидат и корисниците на „Џон Кенеди“ зг. 9, влез 1 до завршување на дефектот.