Прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од булевар „Асном" ниска зона во општина Аеродром.
ЈП „Водовод и канализација" – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен водоводен дефект Ф-200мм на улица „Февруарски Поход".
Корисниците ќе бидат без вода од 9:00 часот се до завршување на активностите.