Интер најдоцна до крајот на оваа сезона ќе има нов сопственик, откако соочена со големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, кинеската групација Сунинг Холдинг (Suning Holdings Group) веќе почна преговори за продажба на италијанскиот прволигаш.
Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, „Сунинг“ е во напредна фаза на преговори со англискиот инвестициски фонд „БиСиЦ Партнерс(BC Partners)“ за продажба на својот мнозински пакет акции во Интер.
Намерата на кинеските сопственици е да задржат во сопственост 31 отсто од акциите.
Пандемијата на Ковид-19 исклучително негативно се одразува врз работењето на компанијата „Сунинг“, која за тековната сезона досега исплатила само две месечни плати на фудбалерите и клупскиот персонал, наведува весникот.
Интер е во сопственост на „Сунинг“ од 2016 година, кога кинеската компанија го купи клубот од индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир.