Италијанскиот прволигаш Рома и ерменскиот репрезентативец Хенрик Мхитарјан ќе ја продолжат соработката за уште сезона, до јуни 2022 година, јавија денеска локалните медиуми.
Мхитарјан (31) сезонава игра во одлична форма, и досега постигна осум голови, додавајќи исто толку асистенции.
-Рома веруваше во мене и јас сум тука среќен, а тоа се гледа и по моите игри. Досега не сме разговарале за продолжување на договорот поради згуснатиот распоред, но многу скоро ќе седнеме на преговарачка маса“, изјави Михтарјан.