Франција денеска соопшти дека донела дома седум деца на француски џихадисти од североистокот на Сирија, продолжувајќи го многу чувствителниот процес на репатријација започнат по соборувањето на самопрогласениот калифат на терористичката група Исламска држава (ИД).

Седумте малолетници, „особено ранливи“ беа веднаш предадени на „судските органи“ при нивното пристигнување во Франција и „згрижени се од социјалните служби“, јави дописникот на МИА.

Информацијата за враќањето на овие седум млади малолетни лица од североисточна Сирија, која е под контрола на курдските сили, ја објави преку соопштение француското Министерство за надворешни работи.

Париз им дава „приоритет“ на малолетници без родители или сираци Овие млади француски малолетни лица, „особено ранливи“, беа предадени при нивното пристигнување во Франција на „судските органи“ и „згрижени се од социјалните служби“, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 21:50