Влијателната републиканска пратеничка во Претставничкиот дом и шефица на пратеничката група на Републиканците во Долниот дом, Елизабет Чејни беше повика од страна на нејзините колеги – републикански пратеници, да поднесе оставка затоа што поддржува отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Чејни, ќерка на поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, изјави дека гласањето за импичмент на претседателот Трамп е прашање на совест.

– Не одам никаде. Ова е гласање по совест, а во нашиот парламентарен клуб има луѓе со различни ставови за ова прашање. Нашата нација се соочува со уставна криза без преседан од Граѓанската војна. Ние мора да се фокусираме на тоа и во таа насока треба да бидат насочени нашите напори, рече Чејни.

Таа оцени дека досега „никогаш немало поголемо предавство на претседателската функција и заклетва на американскиот устав од страна на американски претседател“, објави Си-Ен-Ен.

Верниот сојузник и соработник на Трамп во Претставничкиот дом, пратеникот Џим Џордан, изјави денеска дека Чејни треба да биде сменета од функцијата, бидејќи поддржува отповикување на претседателот Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 22:51