Секој што нема да носи маска на аеродром во Западна Австралија, ќе плати казна до 50.000 австралиски долари (32.000 евра), како дел од новите, драстични мерки за запирање на ширењето на мутираната, многу заразена варијанта на коронавирусот.

Минатата недела премиерите на австралиските држави се согласија дека носењето маски ќе биде задолжително на летовите низ Австралија.

Премиерот на Западна Австралија Марк Мекгован ги заостри мерките што ги договори со своите колеги премиери, велејќи дека маските во таа австралиска држава не се задолжителни само во авионите, туку и на аеродромите, објави „Дејли меил”.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2021 00:26