Демонстрантите во Брисел синоќа запалија полициска станица и возило за време на протестите поради смртта на 23-годишниот Ибрахим Бари од африканско потекло, кој почина откако беше приведен од полицијата.

Стотици граѓани вчера се собраа пред полициската станица, во северниот дел на Брисел извикувајќи „Животот на црнците е важен“, „Правда за Ибрахим“, „Полицајци убици“. Тие фрлаа камења кон полициската станица, а полицијата возврати со водени топови. Потоа демонстрантите го запалија влезот на полициската станица и еден полициски автомобил и ги оштетиле банкоматите и продавниците во близина.

Неколкумина демонстранти се повредени и се префрлени во болница, а поголем број се приведени.

Бари беше приведен на 9 јануари бидејќи не се придржувал до рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Тој по еден час во притвор изгубил свест и бил префрлен во болница, каде и починал.

Обвинителството покрена истрага за смртта на Бари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2021 12:36