Еминентниот црногорски ракометен стратег и поранешен тренер на скопски Вардар, Веселин Вујовиќ, ги издвои Хрватска и Норвешка како главни фаворити за титулата на Светското првенство, што од 13 до 31 овој месец се одржува во Египет.
-Најголеми фаворити за медали се Хрватска и Норвешка. Словенија, исто така, има репрезентација, која може да направи изненадување, оцени Вујовиќ, кој од неодамна е нов тренер на екипата на Борац од Бања Лука.
-Ние секогаш, поради историјата и квалитетот, ги ставаме Французите и Данците во прв план, но на последните неколку големи натпреварувања тие паднаа. Коронавирусот ги диктираше составите, подготовките, формата… И на самото првенство може да се случи некој играч да се зарази, додаде Вујовиќ.