Поранешниот возач во Формула 1, Ромен Грожан е близу до продолжување на кариерата во тркачката серија Индикар, пренесува „Racer“.

Според изворот, 34-годишниот Французин може да потпише договор со тимот на Дејл Којн, кој настапува во Северно-американската серија.

Грожан сезоната 2020 ја помина во Хас. За време на Големата награда на Бахреин, Французинот имаше сериозна несреќа. Автомобилот на Грожан веднаш се запали, но тркачот брзо го напушти автомобилот и избега од сериозни повреди, добивајќи изгореници и полесни повреди.

Пилотот беше принуден да ја заврши сезоната пред предвидениот рок.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2021 16:00