Капитенот на италијанскиот Дејвис куп тим, Филипо Воландри, изјави дека дисквалификација на лидерот на светската АТП ранг-листа, Јаник Синер поради прекршување на антидопинг правилата ќе биде огромна неправда во историјата.

- Не сакам ни да размислувам за евентуалното дисквалификување на Синер, со оглед на неговата искреност и непобитните докази што ги даде. Ако има човек со широко срце, тоа е Јаник. Суспензија би била најголемата неправда во историјата, изјави Воландри за порталот „Tennis 365“.

Во август се дозна дека Синер даде два позитивни теста за анаболичен стероид клостебол. Дваесет и тригодишниот тенисер беше ослободен од обвинението за кршење на антидопинг правилата. Тој објасни дека супстанцата му влегла во телото по масажата што физиотерапевт му ја вршел без ракавици.

Сепак, на оваа одлука се спротивстави ВАДА (Светска антидопинг агенција) која бара дисквалификува за Синер во период од една до две години. Организацијата поднесе жалба до CAS (Судот за спортска арбитража) против одлуката за ослободување на спортистот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2024 17:11