Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од населбата Маџари, Хиподром и Трубарево.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-2" на улицата „Дончо Штипјанчето" 7а во Маџари.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2021 12:58