Македонската ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман во втората, главна фаза на Светското првенство во Египет, откако попладнево во Каиро го совлада Чиле со 32:29.
Ова беше дуел од третото, последно коло во Г-групата на двете репрезентации кои беа поразени во првите две кола. Победата за „црвено-жолтите“ беше императив, а до неа се стигна со подобра игра во второто полувреме. Чилеанците беа подобри во првите 30 минути и на полувреме заминаа со водство 17:16. Сепак, во вториот дел, до израз дојде поголемиот квалитет со кој располага нашата репрезентација.
Најзаслужни за првиот триумф на Мундијалот во македонскиот национален тим беа капитенот Кирил Лазаров со седум погодоци и голманот Никола Митревски со 14 одбрани.
Во Главната фаза ривали на македонските ракометари ќе бидат Белорусија, Словенија и Русија