Поранешниот македонски репрезентативец Игор Котески е нов тренер на Голден Арт КЛ7.

– Еден од најдобрите македонски ракометари на сите времиња е изборот на раководството на најмладиот ракометен суперлигаш за нов шеф на стручниот штаб.

Филозофијата на работа и создавање на млади играчи е заедничка појдовна основа за оваа соработка на прославениот пивот и нашиот клуб.

Му посакуваме многу успех и среќа, пред сè во обезбедување на опстанок во Супер лигата, што е и една од главните цели на клубот оваа година.

Покрај тоа Котески ќе работи на надградба на младите играчи во клубот, кои се основа на идните успеси на истиот, соопшти денес ракометниот суперлигаш.

Котески во својата играчка кариера има настапувано за Пелистер, Борец, Јафа-Промет Ресен, Вардар Ватростална, Борaц Бања Лука, Пелистер, РК Македонија а како тренер до сега работел во младинскатa екипа на Вардар, РК Македонија, Драчево, Пролет, Бутел и Металург 2.

Претходно Голден Арт КЛ7 го предводеше Андон Бошковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2021 15:43