Директорот на Европската агенција за заштита на границите (ФРОНТЕКС), Фабрици Лаџери нема да поднесе оставка, изјави портпаролот на Агенцијата, истакнувајќи дека ФРОНТЕКС не е вмешана во назаконско одбивање на мигрантите.

Денешната седницата на Управниот совет на ФРОНТЕКС ќе продолжи утре на која ќе се разгледува внатрешниот извештај односно обвинувањата за вознемирување, непримерно однесување и одбивање на мигрантите од територијалните води на Европска Унија кон Турција и обратно.

Господин Лаџери не планира да поднесе оставка и останува да раководи со Агенцијата во овие тѕешки времиња, истакна портпаролот на Фронтекс.

Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) покрена истрага против ФРОНТЕКС поради обвинувањата за вознемирување, непримерно однесување и одбивање на мигрантите.

Истражителите на ОЛАФ почнаа да ги испитуваат членовите на ФРОНТЕКС уште на почетокот на декември поради обвинувањата што доведе до тоа некои припадници да заминат од Агенцијата.

ОЛАФ исто така истражува и одбивање односно незаконски операции со цел да ги спречат мигрантите да пристигнат до брегот на ЕУ.

Во октомври минатата година неколку медиуми, меѓу кои и германскиот весник Шпигел објави дека ФРОНТЕКС е вклучена во недозволени операции во водите помеѓу Грција и Турција и оти мигрантите биле принудени да заминат од територијалните води на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 15:19