Белгиските здравствени власти соопштија дека земјата бележи драстично зголемување на бројот на хоспитализирани лица денеска, по релативно стабилниот период, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Регистрирани се 183 нови хоспитализации само денеска во болниците ширум земјата, ова зголемување ги загрижува властите, бидејќи општата слика е позитивна, и бројот на новозаразени се намалува.

Од 29 декември бројот на хоспитализирани во Белгија не надминува 150 на ден, до денеска. Гледано по региони, најпогодени се северот на земјата и главниот град, Брисел. Неодамна во северот на земјата е откриен кластер од британската мутација на вирусот.

Властите предупредија дека во наредните денови ќе треба внимателно да се набљудуваат бројките на заразени и хоспитализирани за да се утврди дали станува збор за нов бран или дали е овој пик изолиран.

Со оглед на тоа дека бројката на излечени не се намалува, има доволно слободни кревети во болниците за сега.

Во последните 24 часа се регистрирани 82 смртни случаи од Ковид-19, што исто така претставува зголемување во споредба со претходната недела, кога просекот на умрени беше 49,9 на ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 15:51