Во населбата Кале во Општина Центар по дводневниот прекин, повторно има напојување на електрична енергија во домовите.

Службите на Општина Центар, во соработка со ЕВН, го отстраниле дефектот и во домовите на Кале повторно има електрична енергија.

Од општината информираат дека со сервисирањето на дефектот обезбедена е електрична енергија со засилен напон, а како главна причина за дефектите, велат оттаму, се јавуваат многубројните нелегални приклучоци во овој дел од Центар.

Општина Центар и ЕВН апелираат до граѓаните броилата од своите дворови и домови да ги постават на јасно видливи места, од каде директно до граѓаните ќе биде регулирано напојувањето со електрична енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 13:47