ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека тендецијата за масовно крадење на капаците на шахтите и решетките од сливниците продолжува и денес.

Имено во општина Карпош, денес повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: бул. Партизански одреди, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ и на бул. 8 Септември. Ваквиот вандализам негативно се одразува и ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека и овој случај е документиран и пријавен во полициска станица, комуналните служби на Град Скопје и комуналните служби на општината. Истовремено со цел спречување на ваквиот вандализам и санкционирање на сторителите ќе се засилат контролите на комуналните служби низ општините, но и на откупните центри за старо железо каде доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни согласно Законот.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе постави нови капаци на посочените локации, но упатуваме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците, бидејќи на тој начин не се нанесува само штета на претпријатието туку и се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 13:48