Во периодот од 18 декември 2020 година па до 21 јануари годинава, за вкупно 15 сопственици на угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово се поднесени кривични пријави затоа што не ја почитувале мерката за ограничено работење до 18 часот.

Од нив осум се од тетовскиот регион, а седум од гостиварското подрачје.

– Станува збор претежно кафеани и кафулиња, кои биле отворени и работеле по 18 часот и во кои престојувале и биле послужувани гости.Пријавените се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик, а нивните објекти биле затворени од Државниот пазарен инспекторат, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според евиденцијата на СВР Тетово меѓу пријавените објекти кои го пречекориле дозволеното работно време и со тоа ги прекршиле мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19 се и ќебапчилници, чајџилници, слаткарници и други.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 13:56