Општина Гевгелија ги истакна јавните повици за изградба, реконструкција и бетонирање на улици и краци, со што, официјално означи почеток на реализација на проекти и активности од програмата за локални улици и патишта во 2021 година, потврди денеска надлежната општинска служба.

– Со овие тендери предвидуваме изградба на нови улици во градот и населените места со должина од 2000 метри, реконструкција на постојни улици со вкупна површина од 16.700 метри квадратни, како и бетонирање на помали улици и краци со вкупна површина од 15.250 метри квадратни, велат од Општината.

Покрај ова, со тендерите е предвидено да почне изградбата и на двете нови улици од повисоките делови во населбата ,„Караорман“, на кои ќе бидат извршени активноси за тампонирање и поставување долен слој, поточно, ќе се изведат подготовките за нивно асфалтирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 14:03