Слики на платно изложени во неколку сегметни и поединечни слики на Мице Јанкуловски денеска беа изложени во Спомен домот на „Браќата Миладиновци“ во Струга во рамки на одбележувањето 50 години од неговото творештво.

Творештвото на Јанкуловски, како што истакна Корнелија Конеска, куратор и промотор, познава неколку карактеристики.

– Монохромно, слика само со црна боја, формите ги мултиплицира во едно платно, модуларноста е една од карактеристиките, бидејќи форматите што ги користи се претходно обмислени, се комбинираат меѓу себе и прават посебни дела. Дел од карактерситиките е и минимализмот, бидејќи користи минимум средства за изразување на своите идеи на платно, рече Конеска.

Тоа, нагласи Конеска, е резултат на 50 години творештво, а неговите дела се апстракции со основни форми и линии. Сликите, додаде таа, изгледаат различно од различни агли.

– Историчарите на уметност, творештвото на Мицко го делат на три фази, односно форма еден или органски форми во затворени системи, форма два каде тие системи ги развива и слика детали во две бои и форма три која сега е претставена како најнова и успешна фаза каде слика само со црна боја. Освен со боите се ослободил и од четките, користи различни алатки, со кои на дебел слој на маслена или акрилна боја прави различни растери и на то начин ја постигнува целта, нагласи Конеска.

Во рамките на 50-годишниот јубилеј издадена е и монографија „Мице Јанкуловски форма три“, каде се застапени критики од повеќе светски уметници. Изложбата пред атружани ќе биде отворена до 4 февруари, аосвен во Струга делата на Јанкуловски ќе бидат претставени и во Штип, Крува Паланка, Гостивар Тетово, Гевгелија…



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 22:36