Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел корисниците од Качанички Пат, во населбата Визбегово.
ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен водоводен дефект од Ф-2 на улица „Качанички Пат” бб. Корисниците ќе бидат без вода од 10:50 часот се до завршување на активностите.