Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томоровски ги сподели своите очекувања за денешниот натпреварот со Русија од 2. коло во Главната фаза по групи на Мундијалот.

– Сите натпревари на турнирот се тешки, но нема да се предадеме. Ветувам, ќе дадеме сè од себе за да и приредиме изненадување на Русија, го цитира Томоровски прес-службата на Меѓународната ракометна федерација.

Натпреварот ќе се игра попладнево со почеток во 15:30 часот.

Во моментов Русите се четврти во групата со три бода, Македонците немаат освоено бод. На првите три места се Шведска со пет, Словенија и Египет со по четири бода, Белорусите имаат два.

Во четвртфиналето на светскиот шампионат одат двете првопласирани од секоја група.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2021 12:29