ЛГ Електроникс може да го напушти производството на паметни телефони, откако загуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува Кореја Хералд.

Извршниот директор на ЛГ, Квон Бонг-Сук испрати порака до вработените во која наведува дека може да следат големи промени во сегментот на паметни телефони.

„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработените ќе ги задржиме, така што нема потреба да се грижите. Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е ЛГ да го направи најдобриот избор“, рече менаџерот на ЛГ.

Тој во пораката додава дека компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони.

Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметни телефони.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2021 15:54