На официјалниот портал на Градот Скопје, беа промовирани нови клупи кои локалната власт ги поставила во главниот град.

Новите урбани клупи кои од денес можете да ги забележите низ сите урбани улици и скверови немаат за цел само да ги разубават градските тротоари низ Скопје, туку и да ги надополнат и да претставуваат место каде граѓаните ќе може да одморат од долгите прошетки низ Скопје во убавите денови од годината. 250те локациите на кои се поставени новите клупи беа внимателно одбрани како места кои на Скопјани ќе им понудат длабоки сенки под градските дрвореди, а самите клупи се изработени да понудат совршена комоција за граѓаните, информираа од Град Скопје.

Сепак, тоа што предизвика внимание е што на две од објавените слики се најде и популарното меме во последниве денови со Бери Сандерс од неговото присуство на инаугурацијата на Џо Бајден. Модниот детал со ракавиците но и ставот кој го има Сандерс предизвикаа вирални светски реакции, бидејќи Сандерс важи за „несудениот“ претседател на САД откако, на минатите избори во рамки на номинациите од демократската партија на САД загуби од Хилари Клинтон, додека за последните избори беше позади новиот Претседател на САД Џо Бајден.

Останува нејасно дали на овој начин, од Град Скопје е употребен „лош“ фотошоп или пак се работи за намерно поставување на мемето со цел да се предизвика внимание во јавноста.

Град Скопје се пофали дека ставиле нови клупи, на сликите се најде и Берни Сандерс


Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2021 01:37