Водата за пиење во Скопје е исправна, покажуваат резултатите од најновите анализи на Секторот за санитарна контрола при „Водовод и канализација”.
Оттаму денеска информираа дека се земени 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на водата од 42 мерни места во Скопје и оти сите резултати одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Примероците се земени во периодот од 18 до 22 јануари.