Без вода денеска ќе бидат корисници од скопската населба Хиподром 2, информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје.
Како што се наведува во соопштението на претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради стопирање на мрежа од Ф-250 милиметри во Хиподром 2 и ќе трае до санирање на дефектот.