Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел изјави дека кога станува збор за надворешната политика и безбедносните прашања, тој очекува „многу подобра соработка со САД отколку што беше случај во минатото“.

На денешниот состанок на Советот на ЕУ, со кој претседаваше Борел, министрите за надворешни работи на ЕУ разговараа и за идните односи со САД и работата што ќе ја имаат за „клучните и најитните“ глобални прашања.

– Министрите се подготвени за нов почеток, рече Борел.

Тој во својот блог минатата недела изрази очекување дека идната соработка меѓу ЕУ и САД ќе доведе до резултати на Западен Балкан, особено кога станува збор за зачувување на мирот и безбедноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 22:36