Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја повика денеска Русија веднаш да ги ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални и неговите приврзаници, кои се уапсени за време на протестите во саботата во Москва.

– Ги повикуваме руските власти да ги ослободат сите приведени поради почитување на нивните права и бараме итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Претходно, и Стејт департментот во текот на изминатиот викенд побара ослободување на Навални.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2021 22:52