Убеден сум дека компаниите „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ќе се придржуваат до договорните обврски за испорака на вакцините, изјави денеска британскиот министер за вакцинација, Надим Захави.

Захави ги коментираше извештаите дека ЕУ се заканила дека ќе го блокира снабдувањето со вакцини во Велика Британија.

-Уверен сум дека „АстраЗенека“ и „Фајзер“ ќе ги испорачаат количините вакцини што ни се потребни за да го спроведеме планот до средината на февруари и, се разбира, повеќе од тоа, рече Захави, цитиран од британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2021 12:48