Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со победа ја започна новата сезона во регионалната СЕХА лига, откако вечерва славеше во Скопје над актуелниот лидер во српското првенство Војводина со 25:21 (15:10)
Вардар веќе во воведните десет минути на мечот во салата „Јане Сандански“ стигна до сигурна предност од пет голови разлика (6:1) што ја одржа до полувремето (15:10).
Продолжението не донесе резултатска неизвесност и ракометарите на Вардар рутински го приведоа мечот во сигурна завршница за први бодови во СЕХА лигата, во рамки на третото коло.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров со по четири голови, додека Борко Ристовски имаше десет обрани на голот.
Македонскиот првак својот втор натпревар во Б-групата ќе го игра на 1 февруари, повторно на домашен терен, против хрватскиот претставник Нексе.