Москва го повика Вашингтон да се ослободи од хемиското вооружување што е можно поскоро и да престане да инсинуира дека Русија развива ваков вид оружје, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, јави Тасс.

Стејт департментот претходно соопшти дека Русија наводно ја развива својата хемиска програма.

„Реагиравме дека ова е уште една шпекулација на Стејт Департментот. Ова не е првпат да слушаме неосновани обвинувања против нашата држава, без никакви докази“, напиша Антонов на Фејсбук профилот на руската амбасада.

Амбасадорот додаде дека неговата земја побарала докази за ваквите тврдења на Стејт департментот.

„Ние неколку пати повторивме дека нашите странски партнери ни ги покажуваат овие информации и ние предложивме професионален дијалог за да дојдеме до вистината. Меѓутоа, нашите предлози останаа неодговорени”, додаде Антонов.

Тој истакна дека Русија „целосно ги уништи залихите од хемиско оружје“.

“Ова е официјално потврдено од Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW). Истовремено, САД остануваат единствената членка на Конвенцијата за хемиско оружје што не ги исполнила своите обврски за уништување на залихите”, потсетува Антонов, пренесува Тасс.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2021 11:27