Договорот меѓу Европската унија и компанијата „Астра Зенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и побара објаснување од производителите на лекови за доцнењата во испораката.

Таа за радиото Дојчландфанк рече дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три квартала од 2021 година, а спомена и четири производствени погони, од кои два во Велика Британија.

– Постојат обврзувачки одредби и договорот е кристално јасен, рече Фон дер Лајен.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2021 11:27