Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер, бара објавување на сите договори што ЕУ ги има склучено со производителите на вакцини против коронавирусот.

Тој за германската телевизија ЗДФ изјави дека во врска со оваа тема има многу отворени и неодговорени прашања.

-Затоа е потребна максимална транспарентност. Потребна е транспарентност за сите договори, изјави баварскиот премиер.

На прашањето кој е виновен за актуелните проблеми поврзани со испораките на вакцините, Седер истакна дека оперативната одговорност за нивната набавка е на ЕУ.

Тој смета дека ЕУ, меѓудругото, предоцна ги нарачала вакцините и тоа го побарала од премалку производители.

-Мислам дека во целост ја потценија важноста и значењето на ситуацијата, рече Седер.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2021 12:40