Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со стратегот Жељко Бабиќ, потпишувајќи денеска договор со поранешниот хрватски селектор до јуни 2024 година.
– Клубот и хрватскиот тренер се на иста бранова должина и заеднички ќе ја продолжат надградбата на проектот, соопшти попладнево битолскиот прволигаш.
Бабиќ е трет хрватски тренер во историјата на клупот од Битола, по Иван Мунитиќ и Анте Костелиќ, таткото на најдобрите хрватските скијачи на сите времиња, Јаница и Ивица Костелиќ.