Во Русија денеска стапи сила закон што на операторите на социјалните мрежи им наложува да откриваат и блокираат различни содржини, вклучувајќи ги и повиците за демонстрации што немаат дозвола од властите и се сметаат за нелегални, јави Индех.хр.

Новиот закон налага и содржините на интернет што се поврзани со тероризмот и државните тајни, исто така, да не смеат да бидат достапни.

Блокирани ќе бидат и упатствата за производство на дрога, детската порнографија, поттикнување самоубиство и содржините спротивни на рускиот Устав.

Руските власти се особено остри на социјалните мрежи токму во последните неколку дена, особено по интернет повиците за протести за поддршка на притворениот дисидент Алексеј Навални.

Казни за ваквите постапки веќе им се изречени на Фејсбук, Твитер и ЈуТјуб.

Навални е особено активен на социјалните мрежи и неодамна на својот ЈуТјуб канал го објави двочасовниот филм „Палатата за Путин“.

Претседателот Владимир Путин ги отфрли сите обвинувања од филмот, а Аркадиј Ротенберг, еден од најбогатите Руси, се пријави дека е вистинскиот сопственик на лукксузна палата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2021 14:37