Американскиот пејач Тони Бенет има Алцхајмерова болест, соопшти негов претставник денеска, откако пред извесно време успеа да сними нов албум со Лејди Гага, којшто треба да излезе наскоро.

Музичарот има Алцхајмерова болест од 2016 година, но тогаш немал сериозни симптоми. – Сега тој почна да го губи помнењето и понекогаш не разбира каде е, но сепак ги препознава своите најблиски и е во состојба да разговара, иако веќе не може да дава интервјуа, рече Бенет.

Бенет (94) роден во Њујорк, како Ентони Бенедето, се стекна со светска слава со песната „I Left My Heart in San Francisco“. Освои неколку музички Греми награди и сними повеќе од 100 албуми. Во 2014 година го сними и албумот „Cheek To Cheek“ со Лејди Гага, на којшто пејачката им се враќа на корените на џезот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 11:18