Иран го крши нуклеарниот договор со тоа што почна да збогатува ураниум во својата подземна постројка во Натанц. се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во извештајот се наведува дека Иран веќе збогатил ураниум на една каскада, а сега тоа го прави во Натанц.

Техеран во декември минатата година ја извести МААЕ дека планира да инсталира уште три каскади ИР-2м.

Во извештајот на МААЕ се наведува дека во две од трите каскади речиси е завршена инсталацијата, а почната е инсталација во третата каскада.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 21:09