Британскиот министер Мајкл Гов денеска изјави дека постојат сериозни проблеми со постбрегзит трговските аранжмани со Северна Ирска и побара повеќе време за примена на новите правила.

Тој побара продолжување на грејс периодот, истакнувајќи дека Европската Унија треба да соработува со Велика Британија брзо и одлучно за решавање на така наречениот Северноирски протокол.

Северна Ирска е единствена копнена граница што Велика Британија ја има со ЕУ и има потешкотии во постбрегзит трговијата, поради што артиклите кои доаѓаат од Велика Британија подлежат на скапи и долги дополнителни проверки.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2021 21:16